mk_MK mk_MK

Бесплатна нега и грижа за стари и изнемоштени лица и помош при пазарење за семејства со деца со попреченост кои живеат во Шуто Оризари

 

Нега Плус во време на пандемија преку проект кој што е финансиран од УСАИД, преку Проектот за граѓанско учество, нуди бесплатна нега и грижа за стари и изнемоштени лица и помош при пазарење за семејства со деца со попреченост кои живеат на територија на Општина Шуто Оризари Имено, старите и изнемоштени лица, жители на Општина Шуто Оризари , кои имаат потреба од помош можат да се обратат тимот на Нега Плус и да добијат бесплатна помош при: – подготовка на храна, – пазарење, – помош при одржување на основна хигиена во домот, – помош при пресоблекување , – бањање итн. Исто така семејствата со деца со попреченост можат да се обратат до тимот на Нега Плус доколку имаат потреба од помош при пазарење.

 

Повеќе информации: https://www.facebook.com/negaplus/