mk_MK mk_MK

Повик за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот за невработени лица

 

 

Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица, најдоцна до 31.07.2020 година.

📌Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки и се однесуваат на следните занимања и градови:
✅Шивач – Тетово, со завршено минимум основно образование
✅Готвач – Скопје, Тетово, Велес, со завршено минимум основно образование
✅Пекар – Битола, со завршено минимум основно образование
✅Слаткар – Гостивар, Битола, со завршено минимум основно образование
✅Столар – Тетово, со завршено минимум основно образование
✅Заварувач – Штип, Тетово, Велес, со завршено минимум средно образование
✅Бравар – Велес со завршено минимум средно образование
✅Вилушкарист – Битола, со завршено минимум основно образование
✅Автомеханичар – Битола, Скопје, Тетово, со завршено минимум основно образование
✅Службеник во сметководство / книговодство – Битола, Скопје, Куманово, Штип, со завршено минимум средно образование
✅Персонални асистенти за инвалидни лица – Битола, Скопје, Струмица, Гостивар, Велес, Тетово, со завршено средно образование
✅Неговател/ка на стари и немоќни лица – Куманово, Велес, К.Паланка, Тетово, со завршено минимум oсновно образование
✅Неговател/ка на деца со пречки во развојот – Велес, Тетово, со завршено минимум средно образование
✅Веб-дизајнер – Битола, Скопје со завршено минимум средно образование
✅Маникир / педикир – Тетово, Струмица, Битола, Штип, со завршено минимум основно образование
✅Фризер – Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Штип, со завршено минимум основно образование
✅Масер – Струмица, Скопје, Тетово, со завршено минимум основно образование
✅Козметичар – Струмица, Скопје, Битола, Тетово, со завршено минимум основно образование
✅Собирач на секундарни суровини – Скопје, со завршено минимум основно образование

📌Обуката ќе се реализира во период од 2 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).

📌Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк: http://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

 

Превземено од Агенција за вработување на Република Северна Македонија