mk_MK mk_MK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во посета на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид” во Општина Шуто Оризари

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска извршија увид во работите на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид” во Општина Шуто Оризари.Денеска, овде во Општина Шуто Оризари, ја следиме таа трансформација во општинското основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид”. Гледаме како се остварува стремежот и визијата на општинските власти, со поддршка на Владата, училиштето “Браќа Рамиз и Хамид” да биде во првите редови на сите општествени трансформации и да прерасне во модерно училиште, училиште по мерка на секое дете, училиште на 21 век”, акцентираше премиерот Спасовски.

Претседателката на Советот на Општина Шуто Оризари, Фатима Османовска истакна дека ако една помала заедница е обесправена во однос на мнозинството и не може да ги ужива сите права во општеството, исчекорот напред е можен само со унапредување на образованието на таа заедница и затоа сме должни сите заедно да вложуваме во обезбедување на услови за мотивација на децата и младите и нивно вклучување и останување во образовниот систем. „Токму затоа инвестираме, во нова најмодерна по европски терк детска градинка и во целосна реконструкција на едно од најголемите училишта во Република Македонија, нашето „Браќа Рамиз и Хамид”. За децата и младите образовните и воспитните институции да ги чувствуваат како свој втор дом. Врвен приоритет и понатаму ќе ни бидат училиштата, сè додека не видиме цели генерации излезени од ова училиште, високообразовани, успешни бизнисмени, професори, лекари, политичари. Нудиме решенија за развој на заедницата, преку урбанизација на општината, прв пат после 25 години. Секое домаќинство да има пристап до патишта проектирани и изведени по највисоки стандарди. Секое домаќинство да има безбеден дом од поплави и затоа следниот голем проект заедно со Владата ќе ни биде опфатот со атмосферска канализација на населбата во местата кои не се опфатени, во вредност од 1,5 милиони евра”, потенцираше Османовска. Таа изрази уверување дека заедно со Владата ќе се продолжи на развивање наменски мерки, за младите, децата, пензионерите и вработените. „Образован, вработен Ром со свој дом. Тоа е нашето мото за работа и како локална самоуправа сите наши ресурси ги насочувавме и ќе продолжиме да ги насочуваме се со една цел – да бидеме и ние како заедница дел од едното општество за сите”, финално истакна во својата изјава Османовска.