mk_MK mk_MK

Доделена помош за ученици од три општини во соработка со РРЦ, Сонце и РЕФ

 

 

Денеска беше доделена помош за 93 ученици Роми од второ и трето одделение кои се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот во Шуто Оризари. Обезбедени се 93 таблети и интернет ваучери од 10 гигабајти за 93 ученици кои не биле во можност да следат онлајн настава.

Покрај ова, исто така беа додеделни и 77 таблети со интернет ваучери и во општините Гостивар и Тетово за учениците Роми вклучени во прво, второ и трето одделение, а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот.
Со оваа акција се доделија вкупно 170 таблети со интернет ваучери.

Дополнително во рамките на проектот беа поделени вкупно 420 пакети со прехрамбени и хигиенски продукти на 210 деца кои се вклучени во предучилишно образование во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.

Целата помош е поделена во координација и со поддршка од општините, основните училишта и градинките во таргетираните општини.

Целта на оваа помош е да се помогне на децата и учениците Роми успешно да продолжат со образовниот процес како и да се намалат последиците врз нивното образование поради ситуацијата со COVID 19.

Со поддршка од проектот, учениците ќе продолжат со онлајн настава и во текот на летниот распуст се со цел да им се помогне да ја надополнат пропуштената настава поради пандемијата со COVID 19, како и да се подготват за новата учебна година.

Оваа помош е обезбедена со проектот „Зголемување на пристап и партиципација на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ кој е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта. Проектот го имлементираат Ромски Ресурсен Центар од Скопје во партнерство со Сонце од Тетово, а е менаџиран од Ромскиот Едукативен Фонд.

Овој проект е дел од програмата „Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција (RARE)“ кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.