mk_MK mk_MK

Се затвораат градинките, училиштата и факултетите на 2 недели, одлучи Владата

Владата ги прифатила барањата од Комисијата за заразни болести да се заострат мерките против коронавирусот, со што во текот на наредните 14 дена ќе бидат затворени сите основни, средни и високообразовни институции, како и детските градинки

Исто така и на територијата на Општина Шуто Оризари, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19 – коронавирусот.

Се дозволува платено отсуство на 1 родител на деца до 10 години во текот на наредните две недели почнувајќи од 11 Март до 25 Март.

Оваа одлука стапува на сила од среда, 11.03.2020 г.

Владата ги забрани сите масовни собири на отворено и затворено со над 1.000 учесници, а препорача да се откажат и оние со помалку учесници. Сите спортски настани треба да се организираат без публика.

Се разбира, на крајот препорачуваме стриктно следење на инструкциите во врска со новонастанатата состојба и делување со највисок можен степен на исполнителност и претпазливост во врска со заштитување на себе си и својата околина.