mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари учествуваше на 4-тата сесија во рамки на програмата ,,Регионални форуми во заедницата” во Скопски плански регион

Општина Шуто Оризари, во рамки на програмата ,,Регионални форуми во заедницата” учествуваше на четвртата (последователна) сесија, во Скопски плански регион.

На средбата се обрати г-дин Борис Георгиевски – претседател на Совет за развој на Скопски плански регион и г-дин Љупчо Кец- Мицковски – директор на Центарот за развој на Скопски плански регион.

На настанот учесниците беа информирани за реализација на проектот финансиран од програмата, за следење на реализацијата на избраниот проект и за проектите што не се финансирани со средства од Форумот и реализација на препораките дадени од Форумот.