mk_MK mk_MK

Вонредна седница на Совет на Општина Шуто Оризари : Донесена Одлука за еднократна парична помош за четири семејствата чии домови беа опожарени

Денеска, Советот на Општина Шуто Оризари одржа вонредна седница на која присуствуваше Градоначалникот Курто Дудуш и граѓани, по повод – настанатиот пожар во Шуто Оризари.

Седницата започна со изразување на длабоко сочувство кон семејствата и со еден минутен молк.

Советот на општината донесе одлука за доделување на еднократна парична помош, на три семејства чии што куќи се целосно уништени, во висина од 30. 000 денари и на едно семејство, еднократна парична помош во висина од  60.000 денари.

Исто така, на вонредната седница, Советот донесе одлука за пренамена на јануарските паушали на советниците со цел покривање на потребите на семејствата. Градоначалникот Курто Дудуш изјави дека својата јануарска плата ќе ја донира на загрозените семејствата од пожарот, а општинската администрација ќе одвои исто така дел од својата плата.

Воедно, Советот одлучи за брзо отпочнување на постапка за инфраструктурна реконструкција на опожарените објекти .

Следната недела, ќе се одржи друга седница каде со ребаланс на буџетот средствата од ставките култура и спорт ќе се пренаменат за помош на семејствата врз основа на извештаите на комисијата за проценка на штети.