mk_MK mk_MK

Шуто Оризари ќе ја подобри локалната улична инфраструктура во должина од 3 километри

Со целосно изработена техничка документација, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), Општина Шуто Оризари ќе превземе активности за реконструкција на локални улици во должина од 3 километри.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, денеска, ја подигна комплетната техничка документација со која се планира реконструкција на ул. Бутелски Венец во должина од 1.500 метри, ул. Плачновица во должина од 650 метри и ул. Македонска Косовска Бригада 20 во должина од 385 метри.

Светска банка во соработка со посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбеди грант средства во висина од 1,1 милион евра како техничка помош за 78 општини кои ќе изградат и санираат локални патишта во должина од 270 километри.