mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари одржа координативен состатнок со невладини организации, училишта, институции и донатори на проекти за туторство во основните училишта

Во иницирање на Општина Шуто Оризари, советничката за образование Рамиза Сакип на ден 12.12.2019 година, во О.У. Браќа Рамиз и Хамид, одржа координативна средба во врска со проектите за туторство на ученици кои се спроведуваат во двете основни училишта на територија на општина Шуто Оризари.

На средбата присуствуваа претставници од Ромскиот Образовен Фонд (Сенат Мустафов – национален фасцилитатор), претстаници од граѓански организации – имплементори на проектот (Љатифа Шиковска – директор на НВО Амбрела, Себихан Демировски – Проектен менаџер на Ромскиот Ресурсен Центар, Гордана Родич Китановска – директор на SIEC ), претставници од основните училишта на територија на општина Шуто Оризари (Алвин Салимовски – директор на О.У. ,,Браќа Рамиз – Хамид”, Санела Емин – заменик директор на О.У. ,,Браќа Рамиз- Хамид’, Дритан Ганиу – директор на О.У. ,,26 Јули” и Гордица Цветковска – педагог).

Кординативниот состанок беше искористен за разгледување на можните предизвици во процесот на ангажирање на тутори, критериумите кои треба да ги исполнат селектираните тутори и беше разговарано за важноста од инволвирање на наставниците со цел зајакнување на процесот на имплементација преку размена на искуства.

Воедно, на средбата беа разгледани идни можности за воспостанување на соработка, беа дискутирани конкретни последователни активности во насока на одржување континуирана комуникација, ефективност и транспарентност во процесот.