mk_MK mk_MK

Учениците од О.У. Браќа Рамиз и Хамид ја подржаа Конвенцијата за правата на децата и Светскиот ден на детето

Учениците од О.У. Браќа Рамиз и Хамид присуствуваа на манифестацијата по повод одбележување на Светскиот ден на детето  под организација на Народниот Правобранител и Коалицијата на младински организации ,,СЕГА”.

Воедно, со оваа манифестација беа одбележани 30 години од Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на детето и заштита на детето на меѓународно ниво. Конвенцијата на Обединетите Нации е клучен документ кој гарантира заштита на правата и можностите на децата, вклучувајќи здравствена заштита, образование и социјална заштита.

Учениците од О.У. ,, Браќа Рамиз и Хамид” преку партиципативно учество го искажаа своето мислење кон подршка на Конценцијата за правата и заштита на детето и Светскиот ден на детето.