mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари учествуваше на семинар: Современи Општини – Чекор поблиску кон ЕУ

Општина Шуто Оризари учествуваше на обука со тема ,,Современи Општини – Чекор поблиску кон ЕУ” во организација на Институтот за социјална демократија – Прогрес и Меѓународниот Центар „Олоф Палме“.

На овој настан каде учествуваа вкупно 44 претставници од градски и рурални општини од целата држава советничката за образование на Општина Шуто Оризари Рамиза Сакип го сподели искуството и практиките кои се применуваат на локално ниво во оваа општина.

Настанот го отворија Д-р Сашо Додовски – Претседател на Прогрес Институтот за социјална демократија, м-р Наташа Петровска – Градоначалничка на Битола, Јонас Андерсон – Програмски менаџер на Меѓународен Центар ,, Олоф Палме“ и Љупчо Николовски – Генерален секретар на СДСМ.

На обуката се дебатираше за актуелните програми за поддршка на локален рурален развој во Република Северна Македонија. Исто така, беа дискутирани значајните елементи при стратешки пристап за постигнување на интегриран локален развој, генерирање на фондови, градење на капацитети за креирање на партнерства и комуникација со јавност како важна алатка во креирање на локални јавни политики.

Обуката заврши со осврт на законот за практикантство, негова примена и значењето на двонасочна комуникација и транспарентност на локално ниво.