mk_MK mk_MK

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО О.У. БРАЌА РАМИЗ И ХАМИД

Основното училиште ,, Браќа Рамиз и Хамид” спроведе еколошка акција за расчистување на површините и локацијата околу училиштето.

Предводник на оваа еколошка акција беа учениците во поддршка на Градоначалникот Курто Дудуш и Претседателот на Совет на Општина Шуто Оризари. Оваа училишна посета имаше за цел да ја потенцирана важноста од чистата животната средина и еколошката совесност кај сите граѓани.

Општина Шуто Оризари во изминатиот период во соработка со ЈП Комунална Хигиена спроведе низа на активности за чистење со цел константно одржување на почиста и поздрава околина.