mk_MK mk_MK

ЗАПОЧНА МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Општина Шуто Оризари во соработка со ЈП Комунална хигиена спроведе масовна акција на чистење главни, споредни улици и локални депонии. Акцијата опфати метење, машинско миење на улици, расчистување на локални депонии и останати мерки во делот за подобрување на јавната чистота и подобрување на животната средина.

Особено значење се даде на локациите околу основните училиштата, средното училиште на територија на Општина Шуто Оризари и двете џамии каде се изврши сеопфатно засчистување на отпадот.

Акцијата беше спроведена по барање и самоиницијатива на локалната самоуправа до ЈП Комунална хигиена.