mk_MK mk_MK

Првачињата од О.У. Браќа Рамиз и Хамид дадоа свечена заклетва во рамки на светската детска недела

Првачињата од О.У. Браќа Рамиз и Хамид во рамки на одбележување на детската недела дадоа свечена заклетва во чест на нивните понатамошни напори за постигнување на повисоки резултати во текот на учебната година.

Директорот на О.У. Браќа Рамиз и Хамид во своето излагање истакна дека ваквите настани се одбележуваат во чест на децата и нивните права. О.У. Браќа Рамиз и Хамид во соработка со локалната самоуправа и со поддршка на градоначалникот Курто Дудуш започна процедура на училишно реновирање, варосување, реновирање на кров и нанесување на термоизолација.

Свечената приредба започна со рецитал на стихотворби, а заврши со свечена заклетва. Аптеките Зегин на настанот на учениците им подари постери со ромска азбука.