mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари учествува на обука за справување со дискриминација и говор на омраза

Општина Шуто Оризари учествуваше на шеснаесетта обука за справување со дискриминација и говор на омраза во организација на Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Министерството за надворешни работи од Норвешка.

Обуката беше наменета за државни службеници од локални самоуправи за справување со дискриминација и говор на омраза, а низ истата поминале министерства, агенции, здравствени работници и други.

Обуката започна со дефинирање на нормалност, еднаквост, стереотипи и предрасуди. Исто така, беа дискутирани можните основи и видови на дискриминација, како и механизмите за заштита од дискриминација во Република Северна Македонија.

Претставник од Министерството за труд и социјална политика ги презентираше новините на предлог законот за справување и заштита од дискриминација, а претставник од организацијата Субверзивен фронт даде осврт на слободата на изразување наспроти говорот на омраза.

Обуката се одржи во Клуб на пратеници во Скопје и заврши со пост-тест и резиме на обуката.