mk_MK mk_MK

Работилница за јакнење на капацитетите на Советот на млади на Општина Шуто Оризари

Советот на млади на Општина Шуто Оризари ја заврши обуката наменета за јакнење на нивните капацитети во насока на стекнување на подобро знаење за постигнување на повисока видливост во текот на работењето, концептите на анти-дискриминација и родова еднаквост.

Обуката заврши со интерактивен семинар за анти-дискриминација, родова еднаквост и практични примери кои треба дополнително да го зајакнат функционирањето на советот.

Обуката беше одржана во Скопје, и беше спроведена од страна на Мисијата на ОБСЕ согласно потпишаниот меморандум за соработка со Општина Шуто Оризари за поддршка при компонентата за градење на капацитетите на локалниот младински совет.