mk_MK mk_MK

Одбележување на ,,Недела на детето” во Општина Шуто Оризари

Вкупно 291 првачиња од десет паралелки од О.У. Браќа Рамиз и Хамид по повод  – Oдбележување на светската недела на детето, ја посетија локалната самоуправа.

Учениците се запознаа со работењето на Општината, со секторите на локалната самоуправа и со Градоначалникот Курто Дудуш кој ги пречекa и им ги објасни своите надлежности.

Детската недела се одбележува со цел да се актуелизираат и афирмираат детските права, но и одговорноста која ја имаат институциите кон реализација на нивните потреби. Утре во О.У. Браќа Рамиз и Хамид ќе се одржи приредба по повод одбележување на детската недела во знак на еднакви права, можности и поддршка кон децата.