mk_MK mk_MK

Улична реконструкција на дел од ул.Вашингтонска, комплетно на коловозот и тротоари со обележување на хоризонтална и вертикална сигнализација во Општина Шуто Оризари, Скопје

Денеска започна улична реконструкција на ул. Вашингтонска,на потегот од ул. Виничка до ул. ЧеГевара (Во близина кај раскрсницата со средното училиште Шаип Јусуф) во Општина Шуто Оризари. Реконструкцијата опфаќа 1.470 м2 со асфалт за коловозот и 630м2 за тротоарите со бехатон плочки.

Градежните работи опфаќаат отстранување на стариот асфалт од тротоарите и коловозот, нанесување на комплетно нов асфалт , поставување на нови рабници , а троторите ќе бидат обложени со бехатон плочи. Бидејќи станува збор за улица со висока фрекфентност која е во непосредна близина на ОУ Браќа Рамиз и Хамид и СУГС Шаип Јусиф во Шуто Оризари, на раскрсницата е планирано сосообраќаен проект со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Изведувач на проектот за улична реконструкција е АДРА ДООЕЛ Скопје, чија што прифатена понуда за спроведување на овој проект е во износ од 3.037.237 денари со пресметан ДДВ.

Инвестицијата за извршување на оваа реконструкција е на Општина Шуто Оризари, и истата изнесува 3.605.283 денари кои се обезбедени преку Светска Банка. Уличната реконструкција на ул. Вашингтонска се очекува да заврши до крајот на месец октомври, а кон средината на овој месец треба да започне реконструкција и на ул. Гвадалахара на потегот од ул. Бутелски Венец до ул. Нов Живот до постојката за јавен градски превоз.