mk_MK mk_MK

Студиска посета во рамки на проектот „Социјално претприемништво без граници”: можности за соработка

Фондацијата „Барка“ од Полска и нејзините партнери од Вишеградскиот проект: Општина Кробија (Полска), Здружение за социјални иновации „АРНО“, Здружение „Солем“, „Љубезност“, „Мисла“, Центар за поддршка на граѓани „ЦИП/ SIEC“, АХП Прилеп (С. Македонија), „Армијата на спасот/Salvation Army“ (Чешка) и општина Ревфолуп (Унгарија)  се во процес на спроведување на меѓународен проект : „Социјална економија без граници (Social Economy without borders) “, поддржан од Вишеградскиот фонд.

Имајќи ја предвид работата, значењето и надлежностите на Општина Шуто Оризари како единствена Ромска општина во светот, тие остварија директна средба со Градоначалникот Курто Дудуш, Претседателот на Општина Шуто Оризари и вработените на локалната самоуправа.

На средбата беа присутни партнерите од проектот кои во својата делегација вклучуваат градоначалници и раководители на центри за интеграција.