mk_MK mk_MK

Ален Умер на OSCE – Human Dimension Implementation Meeting, 2019 во Варшава, Полска

Ален Умер, Претседател на Совет на млади на Општина Шуто Оризари учествуваше на настан организиран од ОБСЕ со тема Human Dimension Implementation Meeting во Полска, Варшава. Настанот се одвиваше во повеќе сесии : Меѓународна средба за контакт со Ромите, Ромска и Синти младинска иницијатива, младите како агенти за промена, Роми и Синти во јавниот и политички живот и домување -услови за живеење, особено поврзано со ситуацијата на присилно иселување и сегрегација на Ромите и Синтите.

Ален Умер во првата сесија и во втората сесија ги пренесе клучните проблеми со кои се соочуваат Ромите во Северна Македонија, даде препораки за нивно решавање,и одржа говор за младинско учество на Ромите и Синтите во јавниот и политичкиот живот.Тој ги опиша предизвиците, проблемите, напредокот, добрите примери и препораките со кои би се зајакнало политичкото учество на младите Роми и Синти на меѓународно ниво.

Целите на третата и четвртата сесија беа фокусирани на специфични чекори кои ги преземаат неодамна државите-членки на ОБСЕ со цел да се решат предизвиците со кои се соочуваат Ромите и Синтите, вклучително и жени и млади, зајакнување на нивното учество во јавниот и политичкиот живот и специфични чекори кои ги преземаат државите-членки на ОБСЕ во процесот на воспоставување и спроведување на механизми и институционални процедури за разјаснување на правата на сопственост и регулирање на неформалните населби.

Во последните две сесии Ален ја опиша моменталната состојба и предизвиците со кои се соочуваат Ромите и Синтите на интернационално ниво и даде клучни препораки упатени кон ОБСЕ пропатно со Акциониот план на ОБСЕ за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите и ги опиша условите во кои Ромите и Синтите живеат и какво влијание имаат истите врз нив, ја опиша моменталната состојба и добри примери од општината Шуто Оризари, како и препораки со кои домувањето би се подобрило. Тука имаше и осврт кон неодамнешните настани на Ромите во Европа со присилното иселување на Ромите и Синтите, како и механизми за нивно решавање.

Проследете го говорот на Ален Умер на следниот линк :