mk_MK mk_MK

Обука за кохезија – градење соработка, транспарентност и одговорност во локалната власт

Општина Шуто Оризари  учествува на обука за обезбедување кохезија – градење соработка, транспарентност и одговорност во локалната власт. Обуката започна со имплементација во четврток (26.09.2019), а ќе заврши во сабота (28.09.2019)  во Струга,  во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Настанот го отворија Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ – Клеменс Која и Крис Хеншоу – директор  на НДИ Северна Македонија (National Democratic Institute – North Macedonia).

Преку овој семинар локалните самоуправи ги подобруваат своите капацитети и стекнуваат нови вештини за градење на соработка, транспарентност и одговорност преку одговорна комуникација за подобра успешност, тимска работа, партиципативно буџетирање, вклучување на заедницата и поставување на критериуми.

Локалните самоуправи заедно дискутираат за процесите на носење одлуки, за нивните улоги, одговорности во процесот, начините на  соработка и донесување на одлуки со консензус. Тие работат на изнаоѓање начин за поефективно спроведување на политиките во пракса.

Обуката за обезбедување кохезија – градење соработка, транспарентност и одговорност во локалната власт ќе заврши утре со изготвување на акциски планови и планирање на идни обврски.

На овој настан учествува Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, Претседателот на Општинскиот Совет Фатима Османовска, Срџан Амет – раководител на локален економски развој, Ерхан Фејзов – советник за локален економски развој, Рамиза Сакип – советник за образование и советниците на локалната самоуправа.