mk_MK mk_MK

Oбука за Мултикултурна едукација, Културна медијација и Комуникациски вештини со вработени во детската градинка ,,8ми Април”

Општина Шуто Оризари за прв во просториите на локалната самоуправа организира работилница наменета за вработените од детската  градинка ,,8 -ми Април”, на тема ,, Мултикултурна едукација, културна медијација и комуникациски вештини”.

Обучувач на работилницата е г-дин Срџан Амет кој има долгогодишно искуство и компетенции во испорачување на обуки за институционален, организациски развој и менаџмент.

Воедно, на работилницата се обрати Претседателот на совет на Општина Шуто Оризари, г-ѓа Фатима Османовска, која во своето излагање напомена општината го поддржува работењето на градинката и е отворена за понатамошна соработка.

Обуката започна со вовед во мултикултурно образование и интер-културна комуникација, бариери во интер-културна комуникација, улога и цели во интеркултурното образование.

Тренингот заврши со насоки за стекнување на клучни компетенции за воспитувачи, негувателки и наставници и со конкретни насоки и модели на интеркултурна комуникација.