mk_MK mk_MK

Енвер Илјаз, на 23 години – Општина Шуто Оризари: Фаик Абди, Зендел Иљаз и уште неколку интелектуалци кроевме план како да прераснеме во модерна општина

Ги паметам првите почетоци кога јас, Фаик Абди, Зендел Иљаз, покасно Амди Бајрам и Неждет Мустафа и уште неколку интелектуалци во тоа време, го кроевме планот како ова парче место да прерасне во модерна локална самоуправа. Како пионир во креирање на ромската политика уште во социјалистичка Република Македонија, можам да кажам дека сонот ни е остварен.

Денеска на мои 70 години, како советник во Општина Шуто Оризари со шести мандат слободно можам да кажам дека Општина Шуто Оризари е модерна политички зрела и урбана локална самоуправа во Град Скопје.
На одбележување на денот на Општината, слушнавме говорници за култура, економија, образование, млади и многу други, но оваа општина има глас и слух и за најстарите.

Третата доба во Општина Шуто Оризари живее и делува во спокој, нивниот глас е слушнат во Советот на Општината, нивно присуство е задолжително на сите наши настани, они се дел од процес на креирање на политики во оваа локална самоуправа.

Кога ме замолија да зборувам за пензионерите, малку се налутив, зошто сеуште јас не сум или бар не се осеќам како најстар, сешак тука сум и сакам да апелирам порака до вас младите: Слушајте, учете и повторно слушајте, направивме многу ние постарите, градевме и градиме за вие да продолжите патот на развојот.