mk_MK mk_MK

Улична реконструкција на ул. Индира Ганди во Општина Шуто Оризари во вредност од 16 милиони денари

Денеска започна првата фаза од реконструкцијата на улицата „Индира Ганди” во општина Шуто Оризари, по чиј што повод се обрати Градоначалникот Петре Шилегов во присуство на Градоначалникот Курто Дудуш и Градоначалникот В. Смилевски.

Вкупно 16 милиони денари се потрошени за реконструкција на оваа улица, која е една од најпрометните. Во текот на реконструкцијата која ќе трае 30 дена ќе има посебен сообраќаен режим со цел подобрување на патната инфраструктурата. Градежните активности ќе ги изведува градежното претпријатие „Бетон”.

Градоначалникот Курто Дудуш во тесна соработка и континуирана комуникација со Град Скопје, работи на воспоставување на безбедна и функнционална патна инфрастуктура за непречен влез и излез во општината.