mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари учествува на Регионална Конференција во Белград: Декада на Ромите

Општина Шуто Оризари зема активно учество на регионалната конференција : Декада на ромска инклузија која се одржува во период од 20.06.-21.06.2019 во Белград, Србија.

Конференција ја отвори Градоначалникот на Белград г-ин Зоран Радојич, заменик премиерот на Србија и останати високи функционери по што следеше богата културно- уметничка програма.

На конференцијата се одржаа клучни панел дискусии поврзани со ромското прашање.

Првата панел дискусија се однесуваше на дискриминација, правна помош и социјална инклузија.
Исто така се разговараше за образование, вработување , превентивни алатки за избегнување на маргинализацијата на ромите, статусот на жената ромка во заедницата и општеството.

Третата панел дискусија беше врзана за домувањето како важен сегмент од процесот на ромската социјална инклузија, ромско здравје и здрава околина.

Срџан Амет, кој има досегашно 20 годишно искуство од граѓанскиот сектор во Македонија и регионот, но и како Раководител на локалниот економски развој во Општина Шуто Оризари говореше за можностите и мерките за вработување, образованието и капацитетите на младите роми.

Тој во своето излагање ја претстави Општината и политиките на национално ниво кои се однесуваат на ромите, и сподели заклучоци во доменот на пополнување на јазот помеѓу понудата (од ромската заедница) и побарувачката на пазарот на трудот во Македонија.

Меѓудругото ги наведе најчестите факторите за невработеност: степенот на образование, социјалната(не)адаптираност, културолошка разлика и дискриминација.

Конференцијата ја заокружи г-ин Ненад Иванишенич, со заклучоци за тоа како може да се унапреди состојбата на ромите, кој воедно е советник на заменик премиерот Зорана Михајловиќ.