mk_MK mk_MK

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ ЗА ПРВ ПАТ ДОБИ СОВЕТ НА МЛАДИ

Денеска Општина Шуто Оризари за прв пат доби Совет на млади кој ќе ги застапува правата на младите и ќе работи на програми за унапредување на статусот на младите Роми.

Претседател на Советот на млади е Ален Умер (студент на постдипломски студии по дипломатија и воедно номиниран од НВО Ромаверзитас), потпретседател е Селика Аљиљи (номинирана студентка од НВО Ромаверзитас), а членови сеРахман Сулејман (млад жител од Општина Шуто Оризари) и Рамиза Далипова ( млада жителка од Општина Шуто Оризари).

Советот на млади на Општина Шуто Оризари се состои од вкупно четири члена, односно една третина од вкупниот број на советници на Општина Шуто Оризари.

Членовите на Советот на млади беа одбрани од Основачкото собрание за Советот на млади по објавен јавен повик за делегати.

Во наредниот период, Советот на млади ќе посетува обуки за градење на нивните капацитетите со цел поефективно креирање и спроведување на програми во интерес на младите од оваа Општина.