mk_MK mk_MK

Презентација на резултатите од кампањата ,, Сите на час” во О.У. Браќа Рамиз и Хамид”

 

 

 

Денеска се одржа завршен настан во рамки на кампањата ,, Сите на час”, во О.У. ,, Браќа  Рамиз и Хамид”.

Настанот го отвори хорот на ученици од О.У. Браќа Рамиз и Хамид со химната на училиштето.

Директорот Алвин Салимовски во своето излагање ја спомна интензивната соработка и активниот придонес на локална самоуправа во процесот на градење квалитетно основно образование и услови за училишна инфраструкура. Истиот ја искажа својата благодарност до Градоначалникот Курто Дудуш за континиурана поддршка при работењето на училиштето.

Професорката по македонски јазик, и координаторот на кампањата м-р. Милка Тримчевска ја истакна тимската работата со Советничката за образование за време на кампањата, им се заблагодари на тимот наставници и на образовните медијатори на кои им беа доделени пофалници за инволвирање во активностите на училиштето.