mk_MK mk_MK

Проект за меѓуетничка интеграција: Дизајнирање и изработка на корпи од пластична амбалажа

Учениците од шестите одделенија од ОУ„26 Јули“ и ОУ„Браќа Рамиз-Хамид“ на 28.5.2019 имаа заеднички работилници за дизајнирање и изработка на корпи од пластична амбалажа. Во двете работилници учествуваа околу 50 деца.

Целите на работилниците беа: да се научат различните начини за пренамена на фрлената пластична амбалажа, да се информираат учениците за штетноста на пластичниот отпад за животната средина, да научат да дизајнираат и да изработат корпа од пластични шишиња со помош на жица.

 

Тие научија со мерењата на добиените пластични шишиња како да конструираат, дизајнираат корпи и како да изработат неколку корпи. Различната националност на учениците и задачи од ваков тип, кои досега учениците не ги реализирале, придонесе работилниците да им бидат интересни и затоа имаа силна мотивација до крај да ги изработат корпите.