mk_MK mk_MK

Проект за меѓуетничка интеграција: Засадени садници во училишниот двор на О.У. Браќа Рамиз и Хамид

Во училишниот двор на О.У. Браќа Рамиз и Хамид, во рамки на проектот за Меѓуетничка интеграција, беа засадени садници со цел развивање и подигање на еколошката свест кај учениците, меѓусебно запознавање меѓу учениците, јакнење на свеста за важноста и значењето на хортикултурното уредување, професионална соработка меѓу наставниците, воспоставување интерперсонална комуникација со припадниците на различни етникуми, намалување на предрасудите и почитување на различностите.

Очекувањата од оваа активност да се уредат хортикултурно дворовите на училиштата и блиската околина, да се развие свеста за грижа за истата, одржување на беспрекорна хигиена на зеленилото преку заедничко делување и решавање на проблемите кои не засегаат сите подеднакво.

Во активноста беа вклучени по 10 ученици од VII,VIII и IX одделенија од двете основни училишта О.У.„Браќа Рамиз-Хамид“и ОУ„26 Јули“.

Садниците беа насадени во училишниот двор од ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“.