mk_MK mk_MK

Проект за меѓуетничка интеграција во основните училишта во Шуто Оризари

Општината Шуто Оризари како подржувач на двете основни училиштата ,,Браќа Рамиз-Хамид“ и ,,26Јули“ е вклучена во реализирање на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието подржано од Програмата за унапредување на мултикултурализмот и меѓуетнича интеграција и толеранција при Министерството за Образование и Наука – ПМИО.

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е наменет за спроведување на заеднички ученички активности во основните  училишта кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката  интеграција и толеранцијата.

Првата заедничка воннаставна активност од овој проект беше реализирана на ден 25.04.2019 годинавопросториитенаосновнотоучилиштеОУ“БраќаРамиз-Хамид” –ШутоОризаринатема:  „Моја хигиена,моја одговорност “.

Координатори на активноста беа наставниците Берна Беќироска и Аземина Хурединовска, одделенски наставници на македонски јазик од ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ и наставничката Фатиме Лачи,одделенски наставник на албански јазик од ОУ„26 Јули.

Во имплементирањето на активноста беа вклучени вкупно 52 ученици од третите одделенија од двете училишта и тоа 26 ученици од македонски наставен јазик и 26 ученици од  албански наставенјазик и како и  10 родители од учениците.

Цели на активноста беа: да се развива свест за неопходноста од лична хигиена кај сите деца , да се поттикнува кон редовно практикување на хигиенски навики кои се исти за сите ученици, да се знае дека хигиенското одржување е важно за сопственото здравје, но и за здравјето на оние што се во  блиско опкружување,да се согледува дека одржувањето на основната лична хигиена е лична одговорност на секое дете и да се направи запознавање, соработка и поттикнување на другарството помеѓу учениците од двете училишта.

Оваа активност имаше повеќе ефекти бидејќи  децата се запознаа и научија како да се дружат, да соработуваат и си помагаат еден на друг, научија нови зборови на јазикот на другарчињата, исто така сватија дека хигиената е нивна лична одговорност и се насочија и поттикнаа кон негување на позитивни хигиенски навики, заеднички и еднакви за сите деца, без разлика на која група припаѓаат.

Исто така се постигна поголема соработка и надополнување од страна на наставниците, како и вклучување на родителите, нивно запознавање и лично ангажирање во рамки на постигнување на заедничките цели.