mk_MK mk_MK

Отварање на ЧИТАЛНА за студенти за прв пат во општина Шуто Оризари

Денеска, за прв во општина Шуто Оризари се отвори читална за потребите на студентите Роми од оваа општина.

Читалната која е позиционирана во просториите на СУГС ,,Шаип Јусуф” е отворена со поддршка на локалната самоуправа, во соработка со СУГС ,,Шаип Јусуф”, а во иницирање на студентите Роми.

На отворањето се обрати Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, кој во своето излагање истакна дека читалната се отвора за потребите на студентите со цел обезбедување на простор за учење.

Тој напомена дека вратите на општината се отворени за сите младински иницијативи и нови идеи. Потребни се млади Роми со желба и ентузијазам да придонесат во заедницата, бидејќи само преку позитивни примери се развива просперитетно општество.

,, Општината е отворена за сите барања кои се во наша надлежност. Вие треба да бидете огледало за помладите генерации ”, истакна Градоначалникот Курто Дудуш.

Потребно е подобрување на комуникација меѓу средношколците и студентите, бидејќи така се доаѓа до трансфер на искуства, меѓусебно мотивирање и создавање на квалитетен кадар.

Взаемната поддршката е најважна за постигнување на успех во овој процес.