mk_MK mk_MK

Градоначалникот Курто Дудуш го пречека амбасадорот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која во Македонија

Денеска градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш оствари средба со амбасадорот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која во Македонија.

Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ се запозна со тековната работа на најголемата ромска општина, со тековните и идните проекти и можностите за понатамошна соработка.

Локалната самоуправа е отворена за соработка со сите интернационални организации, институции и фондови во процесот на спроведување на политики поврзани со подржување и поактивно вклучување на ромската заедница.

Досега, согласно мисијата на ОБСЕ се подржани голем број на проекти кои го поттикнуваат социјалното вклучување на Ромите, иницијативи на локалните невладини организации и вклучувањето на ромските деца во јавните предучилишни установи.