mk_MK mk_MK

Нови паркови ќе се градат во општина Шуто Оризари

Општина Шуто Оризари  инвестира во изградба на два нови парка со кои се уредуваат и опремуваат две детски игралишта.

На околу 6 км од центарот на Скопје, во општина Шуто Оризари се предвидува опремување на две детски игралишта. Првото детско игралиште е во непосредна близина на Управата на Општина Шуто Оризари, додека другото игралиште е во непосредна близина на Казнено-поправната установа (затворот).

Детско игралиште – тип 1

            

Локацијата е со приближна површина од 400м2, со местоположба на аголот на ул. Шуто Оризари – Скопје. Локацијата е на неизградено земјиште и на агол на две локални улици спроти КПУ Затвор Скопје.

Игралиштето ќе биде оградено со жичена мрежа-универзално челично пластифицирано плетиво поставена на челични столбчиња масно обоени во два слоја.
Игралиштето е предвидено да биде обезбедено, со врати кои се заклучуваат.Терените за игра се предвидени да бидат изработени од песочна подлога, со различна гранулација (ситен и крупен песок). Мека гумена подлога е предвидена на еден дел од површината за игра.
Што се однесува на опремата за игра предвидени се : лулашки, клацкалки, лизгалки, карпа за качување. Покрај опрема и реквизитите за игра, предвидено е поставување на урбана опрема-клупи, корпи за отпадоци и чешмичка за пиење вода.

Проект за изградба детски парк – Тип 2

       

Површината за градба се наоѓа во непосредна близина на седиштето на општинската зграда.
Локацијата е со приближна површина од 1.500 м2, со местоположба на аголот на ул. Виетнамска (Хаџи Јован Шишков) и ул. Злетовска. Локацијата е оградена со нетранспарентна ѕидана ограда од црвени блокови.

Осветлување е поставено околу оградата. Во склоп на игралиштето, има површина наменета за паркирање со четри паркинг места од кои, едно е предвидено за лица со хендикеп. Останатите површини се наменети за игра со песочна подлога со различна гранулација.

Предвидени се три зони за игра во паркот, од кои во едната зона се предвидени клацкалки, лулашки, лизгалки и една повеќенаменска играчка со две кули.

Вториот дел е предвиден за спорт и рекреација на повозрасна група на корисници, каде се поставени реквизити наменети за вежбање-греди, двостепени вртила и полукружна скала.

Во третата зона е предвидена да има карпа за качување.

Трите зони се поделени со бехатонски патеки. Во средина на игралиштето, предвидена е чешмичка за пиење. Во склоп на игралиштето поставени се клупи и корпи за отпадоци.