Денеска беше спроведен и завршен интерниот технички преглед над градбата на спортската сала во Општина Шуто Оризари.
Прегледот беше извршен во присуство на Агенцијата за млади и спорт на Р.М., Општина Шуто Оризари Евроконсалтинг ДОО Скопје и Изведувач – Ф-ка Карпош А.Д.-Скопје.
При интерниот технички преглед на објектот констатирано е дека објектот е изведен во согласност со проектната техничка документација- Изградба на Спортска Сала.
На лице место, при интерниот преглед на изведувачот Ф-ка Карпош А.Д. – Скопје му се доделија уште 10 работни дена за да се отстранат сите евентуални недостатоци.