mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари учествуваше на презентација на Програмата за заштита на животна средина

Во салата на Советот на Град Скопје денеска, се одржа презентација на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје за 2019 година, со цел запознавање на јавноста со планот на мерки што ќе се преземат во сферата на заштитата на животната средина.

На презентацијата свои излагања имаа Никола Наумоски, раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот, Лилјана Ончевска Наџинска и Никола Јовановски, помошници-раководители во Секторот за заштита на животата средина на Град Скопје.

Според донесениот буџет на Град Скопје за 2019 година, зголемен е буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

На презентацијата земаа учество и претставниците на Општина Шуто Оризари од Секторот за Урбанизам и заштита  на животна средина. Општина Шуто Оризари активно се залага за зголемување на капацитетите и на јавните комунални претпријатија, работи на чистење на депониите, создавање на атмосферска и фекална канализација, колекторски системи и третман на комуналниот отпад.

Во изминатата година Општина Шуто Оризари ги зголеми капацитетите на службите за комунална хигиена, ја зголеми фреквенцијата на службите со цел почеста колекција на отпадот и дава напори за подигнување на еколошката свест кај граѓаните.

Општина Шуто Оризари има за цел да создаде Општина според сите еколошки стандарди преку поголем аранжман, посветеност и теренска работа.