mk_MK mk_MK

ВИДЕО: Новогодишно обраќање на градоначаникот Курто Дудуш

Во своето новогодишно обраќање градоначалникот Курто Дудуш говори за ревидираните проекти од изминатата година за реконструкција на вкупно 20 главни сообраќајници со цел подобрување на инфраструктурата во Општина Шуто Оризари.

Следната година, Општината ќе обезбедиме Удобен Дом, Сигурност, и Достоинствени услови за најранливите социјални семејства преку изградба на првите социјални згради во Општина Шуто Оризари. Децата ќе добијат животна средина, услови за правилен развој и нова детска градинка ,,8-ми Април’’ според сите модерни и европски стандари.

За младите, ќе обезбедат мултифункционална Спортска Сала за спортување и организирање на настани во нивен интерес.

Среќна Нова 2019-та година! Почитувани сограѓани, Пред нас претстои година во која ќе обезбедиме здрава животна средина на нашите деца преку изградба на паркови, нашите млади ќе добијат нов спортски центар и достоинствени услови за рекреација, а најзагрозените семејства конечно ќе добијат топол дом преку изградба на социјални згради. На Вас и на Вашите Најблиски ви посакувам Среќни Празници!

Gepostet von Dudush Kurto Kucoo am Sonntag, 30. Dezember 2018