mk_MK mk_MK

Новогодишен економски форум : ,,Биди фраер и донирај прочистувач ”

Почитувани,

Во пресрет на новогодишните празници, Општина Шуто Оризари започна со организирање на акција под име : Новогодишен економски форум ,, Биди фраер и донирај прочистувач”. Оваа акција ќе трае до крајот на месец Јануари, а крајната цел е обезбедување на прочистувачи на воздух во секоја училница во двете основни училишта на територија на општина Шуто Оризари: ,,Браќа Рамиз и Хамид” и ,,26 Јули”.

Апелираме до целата бизнис заедница, медиумите, невладините организации, граѓаните и сите релевантни фактори да се вклучат во донирањето на прочистувачи за воздух за највулнерабилниот дел од заедницата во која што живееме : Децата.

Како иницијатор на акцијата, општината веќе обезбеди прочистувачи за детската градинка ,,8 ми Април”.

Ве покануваме како соработници и пријатели да земете учество во оваа акција.

Сите заинтересирани граѓани, организации, претставници од бизнис секторот, сите релевантни фактори можат да донираат прочистувач за воздух, секој работен ден во просториите на Општина Шуто Оризари, од 08:00-16:00 часот.

Заедно да придонесеме кон унапредување на здравјето на нашите најмили со ублажување на штетите од загадувањето.

Искрено се надеваме на Вашето учество на форумот и придонес кон успешна реализација на акцијата.

Со почит,
Општина Шуто Оризари