mk_MK mk_MK

,,Дедо Мраз е во Шутка” театарска претстава во режија на Санела Емин

,,Дедо Мраз е во Шутка” e театарска претстава во режија на актерката Санела Емин.

Претставата ја прикажува потрагата на Петар Пан и Ѕвончица по Дедо Мраз. Тие најпрво се упатуваат во Мексико, а потоа во Африка каде преку волшебна магија на едно посебно топче ќе откријат дека Дедо Мраз се наоѓа во ромската општина Шуто Оризари, место каде што живеат умни деца.

Станува збор за претстава во која учествува неформална група на аматери со голем актерски потенцијал. Претставата опфати широк опсег на публика. Таа беше одиграна во О.У. ,, Браќа Рамиз и Хамид” пред публика од 800 гледачи, во детската градинка ,,8-ми Април” пред публика од 100 гледачи и во О.У. ,,26 Јули” каде присуствуваа вкупно 350 деца. Претставата се изведува на македонски и на ромски јазик.

На претставата присуствуваше и Градоначалникот Курто Дудуш кој на учениците им порача дека образованието е клучот за успех и просперитет.