mk_MK mk_MK

Градоначалникот Курто Дудуш подели новогодишни пакетчиња во О.У. ,,26 Јули”

 

 

 

 

 

 

 

 

Градоначалникот Курто Дудуш денеска го посети О.У. ,, 26 Јули” во Шуто Оризари и на деца им подели новогодишни пакетчиња.

Градоначалникот на учениците им посака среќни новогодишни празници и упати благодарност до вработените на училиштето за посветеното работење.

На делењето на пакетчињата присуствуваше Директорот Дритан Ганиу и стручната служба на училиштето.

Општина Шуто Оризари секогаш во фокусот на своето работење ги става потребите на  децата како најчуствителниот дел од населението .

Директорот Дритан Ганиу се заблагодари за придонесот на Градоначалникот и локална самоуправа.