mk_MK mk_MK

Градоначалникот Курто Дудуш на новогодишната училишна претстава порача: Образованието е клучот за вашиот успех

Градоначалникот Курто Дудуш ја проследи новогодишната претстава ,, Дедо Мраз е во Шутка” во режија на актерката Санела Емин во двете основни училишта во Шуто Оризари.

Тој во своето обраќање до учениците ја потенцираше важноста од образовниот процес како есенцијален фактор за постигнување успех.Во О.У. Браќа Рамиз и Хамид беше пречекан од страна на директорот Алвин Салимовски и стручната служба на училиштето. Тој за време на оваа посета порача дека Општина Шуто Оризари ќе се заложи за создавање на услови за подобрување на воспитно-образовниот процес, со единствена цел- квалитетно образование и создавање на идни генерации кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот.

По посетата на О.У. Браќа Рамиз и Хамид и во рамки на циклусот на театарски претстави Градоначалникот Курто Дудуш го посети и О.У. 26 Јули каде што беше пречекан од страна на директорот Дритон Ганиу.

Новогодишната претстава ,,Дедо Мраз е во Шутка” е во режија на актерката Санела Емин и е одиграна од страна на неформална група на аматери со висок актерски потенцијал. Оваа претстава опфати широк опсег на публика и изведе на ромски и македонски јазик.