mk_MK mk_MK

Детската градинка ,,8-ми Април” доби прочистувачи за воздух

По повод на Новогодишен економски форум : ,, Биди фраер и донирај прочистувач”, Општина Шуто Оризари донираше прочистувачи за воздух во детската градинка ,,8-ми Април”. Сега секоја просторија во градинката ќе биде опремена со прочистувач со цел елиминирање на загадените материи и нормална функција на респираторниот систем. На децата како вулнерабилна група мора да им се обезбеди средината со оптимални услови за развој и нормална функција. Општината се залага за унапредување на здравјето на децата преку креирање на посебни програми и акциони планови.

Според податоците на Светската Здравствена Организација (СЗО) годишно во светот умираат по 600.000 деца како резултат на загадениот воздух и инфекциите на дишните патишта предизвикани од штетните честички во воздухот.

Новогодишниот економски форум продолжува со акцијата за донирање на прочистувачи со цел опремување и на основните училишта на територија на Општина Шуто Оризари.

На средбата Директорката Сонѓул Шабан Ахмед ја искажа својата благодарност кон придонесот на локалната самоуправа за унапредување на здравјето на децата.