mk_MK mk_MK

Проект за изградба детски парк – Тип 2

Локација:
На околу 6 км од центарот на Скопје, во општина Шуто Оризари, поради недостаток на катчиња за игра, се предвидува опремување на две детски игралишта на две различни локации. Првото детско игралиште е во непосредна близина на Управата на Општина Шуто Оризари, додека другото игралиште е во непосредна близина на Казнено-поправната установа (затворот).

Површината за градба се наоѓа во непосредна близина на седиштето на општинската зграда. Локацијата е со приближна површина од 1.500 м2, со местоположба на аголот на ул. Виетнамска (Хаџи Јован Шишков) и ул. Злетовска. Локацијата е оградена со нетранспарентна ѕидана ограда од црвени блокови. Осветлување е поставено околу оградата и дополнително не се предвидува во оваа фаза. Од главната капија се пристапува на старо асфалтирано игралиште и по земјани патеки (трева, песок и земја) се пристапува кон уредена парковска површина и игралишште. Постои еден влез со патека кон игралиштето и истата се задржува. Во склоп на игралиштето, има површина наменета за паркирање со четри паркинг места од кои, едно е предвидено за лица со хендикеп. Останатите површини се наменети за игра со песочна подлога со различна гранулација.

Предвидени се три зони за игра во паркот, од кои во едната зона се предвидени клацкалки, лулашки, лизгалки и една повеќенаменска играчка со две кули.

Вториот дел е предвиден за спорт и рекреација на повозрасна група на корисници, каде се поставени реквизити наменети за вежбање-греди, двостепени вртила и полукружна скала.

Во третата зона е предвидена да има карпа за качување.
Трите зони се поделени со бехатонски патеки. Во средина на игралиштето, предвидена е чешмичка за пиење. Во склоп на игралиштето поставени се клупи и корпи за отпадоци.

Проследете ги сликите во прилог: