mk_MK mk_MK

Училишта

Општина Шуто Оризари располага во вкупно : две основни училишта и едно средно училиште.

Основни училишта во Општина Шуто Оризари:

О.У. ,,Браќа Рамиз и Хамид”
-Директор : Алвин Салимовски

О. У. Браќа Рамиз и Хамид се наоѓа на територијата на Општина Шуто Оризари ул. Чегевара бр.80. Неговата бруто површина изнесува 4375 m2. Број на одделенија 49.Наставата се изведува на македонски јазик во две смени.  Во ова училиште учат 1.919 ученици од доминантно ромска етничка припадност. Број на вработени наставници 111.

О.У. ,, 26 Јули ”
-Директор : Дритан Ганиу

Училиштето е формирано 1965 година кога наставата се изведувала во хангари, а во 1971 се преселуваат во нов објект. Наставата се изведува во две смени на македонски и албански јазик.
Училиштето го опкружува население од ромска и албанска националност со низок стандард и голема невработеност и корисници на социјална помош.
Во учебната 2016/17 се едуцираат 512 од македонска настава ученици ( во кои не се вбројуваат учениците кои го напуштаат училиштето поради заминување во странство) и 1483 ученици албанска настава распоредени во 78 паралелки. Во учебната 2017/2018 година во ООУ „26 Јули“ – Скопје, опфатени се 530 ученици македонска настава и 1453 албанска настава кои се распределени во 77 паралелки од I – IX одделение. Од нив 1133 ученици, односно 44 паралелки од I – V одделение и ученици, односно 853 и 33 паралелки од VI – IX одделение.
Наставната година ја сочинуваат две полугодија. Првото полугодие започнува на 4 Септември, а завршува на 30 Декември. Второто полугодие за почнува на 18 Јануари, а завршува на 10 Јуни 2018г. Зимскиот распуст започнува на 31.12.2017 и трае до 16.01.2018.Наставниот час трае 40 минути.

СУГС ,, Шаип Јусуф”
Директор : Доан Сулејманоски


Училиштето е отворено во 2015/2016 учебна година по сите најнови стандарди и критериуми и во него во моментот посетуваат настава околу 300 ученици. Првиот в.д директор на училиштето беше г-ѓа Амела Хаки, а моментално е г-дин Доан Сулејманоски.

Воспитно-образовна дејност во училиштето се одвива во една училишна зграда со 12 училници и 6 училници со кабинети, 3 канцеларии, 1 наставничка канцеларија, 1 библиотека, 8 помошни простории, 1 фискултурна сала, 16 санитарни јазли и 3 простории подрумски за практична настава. Од училишните кабинети дел се опремени со компјутери и смарт табли и овозможуваат настава во современи услови. Училиштето исто така располага со наставни помагала и надгледни средства кои го подобруваат квалитетот на наставата.
Во училиштето работи високо-едуциран кадар којшто неуморно се посветени за квалитетен воспитно-образовен процес.

Во  училиштето се образуваат ученици кои можат да изберат 3 годишно и 4 годишно стручно образование, ги поседуваме следните насоки:

-Економско-правна и трговска струка – Профил: Економски техничар
-Градежна-геодетска струка – Профил: Градежен техничар
-Здравствена струка – Профил: Медицинска сестра
-Лични услуги – Профил: Фризер
-Угостителско-туристичка струка – Профил: Келнер

 

sken1

sken 2

sken 3

sken

￐ᄉ￐ᄐ￑ニ￐ᄉ