CULTURoma ПРИЛОГ 1 – ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

CULTURoma
Bridging Cultures Through Heritage
ПРИЛОГ 1 – ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
Се нуди нова, неупотребувана опрема во оригинално пакување. Наведените вредности се минимални; дозволени се подобри карактеристики.
А. Лаптоп – 1 парче
Понудувачот задолжително ги наведува производителот, точниот модел и конечната конфигурација. Се прифаќа опрема од кој било производител што ги исполнува минималните технички барања.
| Компонента | Минимално барање или еквивалент |
|---|---|
| Процесор | Најмалку 12 физички јадра, максимална турбо-фреквенција најмалку 4,9 GHz и интегрирана графика. |
| Меморија | Најмалку 16 GB DDR5, со брзина од најмалку 5600 MT/s. |
| Диск | Најмалку 512 GB SSD. |
| Екран | 16 инчи, IPS или еквивалентна технологија, најмалку 1920 × 1200 пиксели, антирефлексен, осветленост најмалку 300 нити. |
| Поврзување | Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.3 или подобро, HDMI, најмалку два USB-A и еден USB-C приклучок. |
| Аудио и камера | Вградена камера со резолуција најмалку 1920 × 1080, инфрацрвен сензор, физички капак, вграден микрофон и звучници. |
| Гаранција и испорака | Најмалку 36 месеци гаранција, USB-C полнач од најмалку 65 W, батерија од најмалку 55 Wh, осветлена тастатура со нумерички дел и читач на отпечатоци. |

CULTURoma
Bridging Cultures Through Heritage
Б. Мултифункциски колор принтер – 1 парче
| Карактеристика | Минимално барање или еквивалент |
|---|---|
| Производител и модел | Слободен избор на производител; задолжително се наведува точниот модел и се докажува исполнувањето на сите минимални барања. |
| Функции и формат | Колор ласерско печатење, копирање, скенирање и факс; формат A4. |
| Двострано печатење | Автоматско двострано печатење (дуплекс), без рачно превртување. |
| Брзина | Најмалку 25 страници/минута црно-бело и во боја, A4, според ISO/IEC 24734 или споредлив стандард. |
| Скенирање и хартија | Оптичка резолуција на рамниот скенер најмалку 1200 dpi; ADF за најмалку 50 листови со автоматско двострано скенирање во еден премин; влезна фиока за најмалку 250 листови. |
| Поврзување | USB, Wi-Fi и Ethernet (LAN); компатибилност со понудениот оперативен систем. |
| Потрошен материјал | Оригинален почетен комплет тонери за црна, цијан, магента и жолта боја, вклучен во цената; достапен заменски потрошен материјал на домашниот пазар. |
| Гаранција и инсталација | Најмалку 12 месеци гаранција; инсталација, поврзување со лаптопот и успешно тестирање на печатење, копирање, скенирање и автоматско двострано печатење. |
Изработил: Ибрахим Ибрахими, раководител на сектор
за административни , правни работи и локален економски развој
за административни , правни работи и локален економски развој