Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 CULTURoma  ДЕЛ Б / PART B – ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА

CULTURoma ДЕЛ Б / PART B – ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА

Cross-Border Cooperation – Funded by the European Union – Serbia–North Macedonia
CULTURoma

Bridging Cultures Through Heritage

ДЕЛ Б / PART B – ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА

Техничка и финансиска понуда за набавка на опрема
Проект: Bridging Cultures Through Heritage – CULTURoma
Договорен орган: Општина Шуто Оризари
Предмет: Набавка на еден лаптоп и еден мултифункциски колор ласерски принтер
Референтен/архивски број на повикот: __________________

Датум на објавување: 13.11.2026 година
Краен рок за доставување: 20.11.2026 година, до 12:00 часот
Доставување: потпишана понуда во PDF на erhan.fejzov@sutoorizari.gov.mk
Лице за контакт: Ерхан Фејзов; тел. 075 938 737

1. ПОДАТОЦИ ЗА ПОНУДУВАЧОТ

ПодатокПополнува понудувачот
Назив на правното лице
Законски застапник
ЕДБ / регистарски број
Адреса и седиште
Телефон и електронска пошта
Контакт-лице

2. ИЗЈАВА НА ПОНУДУВАЧОТ

Со потпишување на оваа понуда потврдуваме дека понудената опрема ги исполнува барањата на договорниот орган утврдени во повикот и техничката спецификација. Точните производители, модели, карактеристики и доказите за усогласеност ги наведуваме во техничката понуда. Опремата е нова, неупотребувана и во оригинално пакување.

Потврдуваме дека сме подобни за учество во набавка финансирана од средства на Европската Унија и дека не се наоѓаме во ниту една од ситуациите за исклучување според применливите проектни правила и PRAG. Ги прифаќаме применливите етички правила и изјавуваме дека немаме судир на интереси со договорниот орган.

Полињата за понудувачот, понудените карактеристики, доказите, цените, роковите и потписот ги пополнува понудувачот. Минималните барања не претставуваат веќе дадена изјава за усогласеност од негова страна.

3. ТЕХНИЧКА ПОНУДА – ЛАПТОП

Количина: 1 парче. Производител и точен модел: __________________
Се прифаќа производител по избор, доколку се исполнети сите минимални барања.

КомпонентаМинимално барање или еквивалентПонудени карактеристики и доказ*
ПроцесорНајмалку 12 физички јадра, максимална турбо-фреквенција најмалку 4,9 GHz и интегрирана графика.
МеморијаНајмалку 16 GB DDR5, со брзина од најмалку 5600 MT/s.
ДискНајмалку 512 GB SSD.
Екран16 инчи, IPS или еквивалентна технологија, најмалку 1920 × 1200 пиксели, антирефлексен, осветленост најмалку 300 нити.
ПоврзувањеWi-Fi 6E и Bluetooth 5.3 или подобро, HDMI, најмалку два USB-A и еден USB-C приклучок.
Аудио и камераВградена камера со резолуција најмалку 1920 × 1080, инфрацрвен сензор, физички капак, вграден микрофон и звучници.
Гаранција и испоракаНајмалку 36 месеци гаранција, USB-C полнач од најмалку 65 W, батерија од најмалку 55 Wh, осветлена тастатура со нумерички дел и читач на отпечатоци.

* Наведете конкретна карактеристика, документ/каталог и страница или официјална врска. Приложете техничка документација.

4. ТЕХНИЧКА ПОНУДА – ПРИНТЕР

Количина: 1 парче. Производител и точен модел: __________________

КарактеристикаМинимално барање или еквивалентПонудени карактеристики и доказ
Производител и моделСлободен избор на производител; задолжително се наведува точниот модел и се докажува исполнувањето на сите минимални барања.
Функции и форматКолор ласерско печатење, копирање, скенирање и факс; формат A4.
Двострано печатењеАвтоматско двострано печатење (дуплекс), без рачно превртување.
БрзинаНајмалку 25 страници/минута црно-бело и во боја, A4, според ISO/IEC 24734 или споредлив стандард.
Скенирање и хартијаОптичка резолуција на рамниот скенер најмалку 1200 dpi; ADF за најмалку 50 листови со автоматско двострано скенирање во еден премин; влезна фиока за најмалку 250 листови.
ПоврзувањеUSB, Wi-Fi и Ethernet (LAN); компатибилност со понудениот оперативен систем.
Потрошен материјалОригинален почетен комплет тонери за црна, цијан, магента и жолта боја, вклучен во цената; достапен заменски потрошен материјал на домашниот пазар.
Гаранција и инсталацијаНајмалку 12 месеци гаранција; инсталација, поврзување со лаптопот и успешно тестирање на печатење, копирање, скенирање и автоматско двострано печатење.

Инсталацијата, конфигурацијата, тестирањето на лаптопот и принтерот се задолжителен дел од испораката и се вклучуваат во цената. Се предаваат гарантни листови и упатства.

5. ФИНАНСИСКА ПОНУДА

Валута: EUR. Сите цени се наведуваат без ДДВ. Понудата ги опфаќа сите ставки и зависни трошоци; делумни понуди не се прифаќаат.

Р. бр.СтавкаКол.Единечна цена без ДДВВкупна цена без ДДВ
1Лаптоп со 16 GB DDR5 RAM, 512 GB SSD1
2Мултифункциски колор ласерски принтер со почетен комплет тонери1

ВКУПНА ПОНУДЕНА ЦЕНА БЕЗ ДДВ: __________________ EUR
Со зборови: __________________________________________________

Вкупната цена ги вклучува испораката, транспортот, инсталацијата, конфигурацијата, тестирањето и сите придружни трошоци. За нив нема дополнително плаќање.

Набавката се реализира со ослободување од ДДВ врз основа на Решение на Управата за јавни приходи бр. 29-88/495 од 19.10.2026 година. Договорниот орган ќе ја обезбеди потребната документација на избраниот понудувач пред фактурирање.

6. РОКОВИ И УСЛОВИ

УсловПонуда на понудувачот
Испорака во просториите на Општина Шуто Оризари_____ календарски дена од потпишување договор (најмногу 15)
Важност на понудата_____ дена од крајниот рок (најмалку 30)
Гаранција за лаптоп_____ месеци (најмалку 36)
Гаранција за принтер_____ месеци (најмалку 12)
Сервисна поддршка – назив и контакт
ПлаќањеВо рок од 30 дена по целосна испорака, потпишан записник за прием и уредна фактура, без аванс.

Ги прифаќаме условите на повикот и потврдуваме дека податоците во понудата се точни и дека понудените цени се конечни за периодот на важност на понудата.

Име и презиме на овластеното лице
Функција
Потпис
Место и датум
Проектот го спроведуваат:
Општина БојникОпштина Бојник
Општина Шуто ОризариОпштина Шуто Оризари
ИРИЗИРИЗ