
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
Набавка на лаптоп и мултифункциски колор принтер
Општина Шуто Оризари, како партнер во проектот „Bridging Cultures Through Heritage – CULTURoma“, во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија, ги поканува заинтересираните економски оператори да достават техничка и финансиска понуда за следнава опрема:
| Предмет | Количина |
|---|---|
| Лаптоп | 1 парче |
| Мултифункциски колор принтер: печатење, копирање и скенирање | 1 парче |
Предмет и опфат на понудата
Понудата треба да ги опфати двете ставки, испораката, инсталацијата, конфигурацијата и сите зависни трошоци. Делумни понуди нема да се разгледуваат. Техничките услови се дадени во Прилог 1.
За проектот CULTURoma е издадено Решение на Управата за јавни приходи (УЈП) бр. 29-88/495 од 19.10.2026 година за ослободување од плаќање на данок на додадена вредност (ДДВ). Набавката ќе се реализира врз основа на ова решение. Понудувачите треба да ги прикажат цените без ДДВ. Решението и потребните податоци за спроведување на ослободувањето ќе му бидат доставени на избраниот понудувач пред фактурирањето.
2. Содржина на понудата
Понудата треба да содржи: пополнет и потпишан образец на техничка и финансиска понуда (Дел Б); точен производител и модел; технички каталог или официјална спецификација со означена усогласеност со секое барање; гарантни услови и сервисна поддршка; рок за испорака и податоци за понудувачот со доказ за регистрација.
3. Доставување и рок
Понудата се доставува како потпишан документ во PDF на erhan.fejzov@sutoorizari.gov.mk, со предмет „CULTURoma – понуда за лаптоп и принтер“. Рокот за доставување понуди изнесува 7 календарски дена, при што се пресметуваат денот на објавување и денот на истекот на рокот. Датум на објавување: `3.06.2026 година. Краен рок за доставување понуди: 20.11.2026 година, до 16:00 часот. Ако крајниот рок паѓа во неработен ден, се определува првиот нареден работен ден. За навремено доставена се смета понуда примена на наведената електронска адреса до крајниот рок.
Лице за контакт за прашања и појаснувања: Ерхан Фејзов. Електронска пошта: erhan.fejzov@sutoorizari.gov.mk; тел. 075 938 737. Писмените прашања се доставуваат на електронската адреса наведена за прием на понудите. Прашањата се доставуваат најдоцна 3 работни дена пред крајниот рок. Појаснувањата се доставуваат под еднакви услови до сите заинтересирани понудувачи преку објава на истото место каде што е објавен повикот.
4. Избор и реализација
Критериум е најниска вкупна цена без ДДВ меѓу понудите што целосно ги исполнуваат условите. Важност на понудата: најмалку 30 дена од крајниот рок. Испорака: најдоцна 15 календарски дена од потпишување на договорот, во просториите на Општината. Плаќање: во рок од 30 дена по целосна испорака, потпишан записник за прием и уредна фактура, без аванс.
КУРТО ДУДУШ

ПРИЛОГ 1 – ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
Се нуди нова, неупотребувана опрема во оригинално пакување. Наведените вредности се минимални; дозволени се подобри карактеристики.
А. Лаптоп – 1 парче
Понудувачот задолжително ги наведува производителот, точниот модел и конечната конфигурација. Се прифаќа опрема од кој било производител што ги исполнува минималните технички барања.
| Компонента | Минимално барање или еквивалент |
|---|---|
| Процесор | Најмалку 12 физички јадра, максимална турбо-фреквенција најмалку 4,9 GHz и интегрирана графика. |
| Меморија | Најмалку 16 GB DDR5, со брзина од најмалку 5600 MT/s. |
| Диск | Најмалку 512 GB SSD. |
| Екран | 16 инчи, IPS или еквивалентна технологија, најмалку 1920 × 1200 пиксели, антирефлексен, осветленост најмалку 300 нити. |
| Поврзување | Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.3 или подобро, HDMI, најмалку два USB-A и еден USB-C приклучок. |
| Аудио и камера | Вградена камера со резолуција најмалку 1920 × 1080, инфрацрвен сензор, физички капак, вграден микрофон и звучници. |
| Гаранција и испорака | Најмалку 36 месеци гаранција, USB-C полнач од најмалку 65 W, батерија од најмалку 55 Wh, осветлена тастатура со нумерички дел и читач на отпечатоци. |
Б. Мултифункциски колор принтер – 1 парче
| Карактеристика | Минимално барање или еквивалент |
|---|---|
| Производител и модел | Слободен избор на производител; задолжително се наведува точниот модел и се докажува исполнувањето на сите минимални барања. |
| Функции и формат | Ласерско печатење во боја, копирање и скенирање во формат A4. Резолуција на печатење најмалку 600 × 600 dpi, црно-бело и во боја. |
| Двострано печатење | Автоматско двострано печатење (дуплекс), без рачно превртување. |
| Брзина | Декларирана брзина на еднострано печатење најмалку 25 страници во минута во формат A4, црно-бело и во боја, според ISO/IEC 24734 или споредлив стандард. |
| Скенирање и хартија | Рамен скенер и автоматски внесувач на документи (ADF). Скенирање во PDF, JPEG и TIFF. Деклариран максимален месечен обем од најмалку 40.000 страници A4. |
| Поврзување | USB 2.0 или подобро, двопојасен Wi-Fi и Ethernet. |
| Потрошен материјал | Оригинален почетен комплет тонери за црна, цијан, магента и жолта боја, вклучен во цената; достапен заменски потрошен материјал на домашниот пазар. |
| Гаранција и инсталација | Најмалку 12 месеци гаранција; инсталација, поврзување со лаптопот и успешно тестирање на печатење, копирање, скенирање и автоматско двострано печатење. |
Изработил: Ибрахим Ибрахими, раководител на сектор
за административни , правни работи и локален економски развој

ДЕЛ Б / PART B – ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Техничка и финансиска понуда за набавка на опрема Проект: Bridging Cultures Through Heritage – CULTURoma Договорен орган: Општина Шуто Оризари Предмет: Набавка на еден лаптоп и еден мултифункциски колор ласерски принтер Референтен/архивски број на повикот: __________________
Датум на објавување: ____________ година Краен рок за доставување: ____________ година, до 12:00 часот Доставување: потпишана понуда во PDF на erhan.fejzov@sutoorizari.gov.mk Лице за контакт: Ерхан Фејзов; тел. 075 938 737
1. ПОДАТОЦИ ЗА ПОНУДУВАЧОТ
| Податок | Пополнува понудувачот |
|---|---|
| Назив на правното лице | |
| Законски застапник | |
| ЕДБ / регистарски број | |
| Адреса и седиште | |
| Телефон и електронска пошта | |
| Контакт-лице |
2. ИЗЈАВА НА ПОНУДУВАЧОТ
Со потпишување на оваа понуда потврдуваме дека понудената опрема ги исполнува барањата на договорниот орган утврдени во повикот и техничката спецификација. Точните производители, модели, карактеристики и доказите за усогласеност ги наведуваме во техничката понуда. Опремата е нова, неупотребувана и во оригинално пакување.
Потврдуваме дека сме подобни за учество во набавка финансирана од средства на Европската Унија и дека не се наоѓаме во ниту една од ситуациите за исклучување според применливите проектни правила и PRAG. Ги прифаќаме применливите етички правила и изјавуваме дека немаме судир на интереси со договорниот орган.
Полињата за понудувачот, понудените карактеристики, доказите, цените, роковите и потписот ги пополнува понудувачот. Минималните барања не претставуваат веќе дадена изјава за усогласеност од негова страна.
3. ТЕХНИЧКА ПОНУДА – ЛАПТОП
Количина: 1 парче. Производител и точен модел: __________________ Се прифаќа производител по избор, доколку се исполнети сите минимални барања.
| Компонента | Минимално барање или еквивалент | Понудени карактеристики и доказ* |
|---|---|---|
| Процесор | Најмалку 12 физички јадра, максимална турбо-фреквенција најмалку 4,9 GHz и интегрирана графика. | |
| Меморија | Најмалку 16 GB DDR5, со брзина од најмалку 5600 MT/s. | |
| Диск | Најмалку 512 GB SSD. | |
| Екран | 16 инчи, IPS или еквивалентна технологија, најмалку 1920 × 1200 пиксели, антирефлексен, осветленост најмалку 300 нити. | |
| Поврзување | Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.3 или подобро, HDMI, најмалку два USB-A и еден USB-C приклучок. | |
| Аудио и камера | Вградена камера со резолуција најмалку 1920 × 1080, инфрацрвен сензор, физички капак, вграден микрофон и звучници. | |
| Гаранција и испорака | Најмалку 36 месеци гаранција, USB-C полнач од најмалку 65 W, батерија од најмалку 55 Wh, осветлена тастатура со нумерички дел и читач на отпечатоци. |
* Наведете конкретна карактеристика, документ/каталог и страница или официјална врска. Приложете техничка документација.
4. ТЕХНИЧКА ПОНУДА – ПРИНТЕР
Количина: 1 парче. Производител и точен модел: __________________
| Карактеристика | Минимално барање или еквивалент | Понудени карактеристики и доказ |
|---|---|---|
| Производител и модел | Слободен избор на производител; задолжително се наведува точниот модел и се докажува исполнувањето на сите минимални барања. | |
| Функции и формат | Ласерско печатење во боја, копирање и скенирање во формат A4. Резолуција на печатење најмалку 600 × 600 dpi, црно-бело и во боја. | |
| Двострано печатење | Автоматско двострано печатење (дуплекс), без рачно превртување. | |
| Брзина | Декларирана брзина на еднострано печатење најмалку 25 страници во минута во формат A4, црно-бело и во боја, според ISO/IEC 24734 или споредлив стандард. | |
| Скенирање и хартија | Рамен скенер и автоматски внесувач на документи (ADF). Скенирање во PDF, JPEG и TIFF. Деклариран максимален месечен обем од најмалку 40.000 страници A4. | |
| Поврзување | USB 2.0 или подобро, двопојасен Wi-Fi и Ethernet. | |
| Потрошен материјал | Оригинален почетен комплет тонери за црна, цијан, магента и жолта боја, вклучен во цената; достапен заменски потрошен материјал на домашниот пазар. | |
| Гаранција и инсталација | Најмалку 12 месеци гаранција; инсталација, поврзување со лаптопот и успешно тестирање на печатење, копирање, скенирање и автоматско двострано печатење. |
Инсталацијата, конфигурацијата, тестирањето на лаптопот и принтерот се задолжителен дел од испораката и се вклучуваат во цената. Се предаваат гарантни листови и упатства.
5. ФИНАНСИСКА ПОНУДА
Валута: EUR. Сите цени се наведуваат без ДДВ. Понудата ги опфаќа сите ставки и зависни трошоци; делумни понуди не се прифаќаат.
| Р. бр. | Ставка | Кол. | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ |
|---|---|---|---|---|
| 1 | Лаптоп со 16 GB DDR5 RAM, 512 GB SSD | 1 | ||
| 2 | Мултифункциски колор ласерски принтер со почетен комплет тонери | 1 |
ВКУПНА ПОНУДЕНА ЦЕНА БЕЗ ДДВ: __________________ EUR Со зборови: __________________________________________________
Вкупната цена ги вклучува испораката, транспортот, инсталацијата, конфигурацијата, тестирањето и сите придружни трошоци. За нив нема дополнително плаќање.
Набавката се реализира со ослободување од ДДВ врз основа на Решение на Управата за јавни приходи бр. 29-88/495 од 19.10.2026 година. Договорниот орган ќе ја обезбеди потребната документација на избраниот понудувач пред фактурирање.
6. РОКОВИ И УСЛОВИ
| Услов | Понуда на понудувачот |
|---|---|
| Испорака во просториите на Општина Шуто Оризари | _____ календарски дена од потпишување договор (најмногу 15) |
| Важност на понудата | _____ дена од крајниот рок (најмалку 30) |
| Гаранција за лаптоп | _____ месеци (најмалку 36) |
| Гаранција за принтер | _____ месеци (најмалку 12) |
| Сервисна поддршка – назив и контакт | |
| Плаќање | Во рок од 30 дена по целосна испорака, потпишан записник за прием и уредна фактура, без аванс. |
Ги прифаќаме условите на повикот и потврдуваме дека податоците во понудата се точни и дека понудените цени се конечни за периодот на важност на понудата.
| Име и презиме на овластеното лице | |
|---|---|
| Функција | |
| Потпис | |
| Место и датум |
Општина Бојник
Општина Шуто Оризари
ИРИЗ