Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Градоначалникот Курто Дудуш најавува ослободување од општинскиот дел од комуналиите за прв дом

Градоначалникот Курто Дудуш најавува ослободување од општинскиот дел од комуналиите за прв дом

Нула комуналии – прв дом за млади

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, најави дека ќе му предложи на Советот да донесе одлука за ослободување од плаќање на општинскиот дел од надоместокот за уредување на градежното земјиште за изградба на прв семеен дом.

Предложени услови

  • На денот на поднесување на барањето, најмалку еден од брачните другари, односно самохраниот родител, да има најмногу 40 години.
  • Најмалку еден од брачните другари, односно самохраниот родител, да има живеалиште во Општина Шуто Оризари најмалку две години.
  • Брачните другари, односно самохраниот родител, да немаат друга станбена недвижност во сопственост.
  • Со изградба, доградба или надградба на објект во сопственост на барателите во Шуто Оризари да се обезбеди прв дом за сопствено домување.
  • Да се достави комплетна техничка документација согласно со Законот за градење.
  • Да се приложи изјава дека домот ќе се користи за сопствено домување најмалку десет години.

Предлогот предвидува целосно ослободување од општинскиот дел, кој изнесува 40 проценти од вкупниот надоместок таму каде што се дели со Град Скопје.

Градската мерка ги опфаќа преостанатите 60 проценти за изградба на прва семејна куќа во рамките на ГУП на Скопје. Доколку Советот го усвои предлогот, барателите што ги исполнуваат условите на двете мерки ќе можат да остварат целосно ослободување.

По донесувањето на одлуката, Општина Шуто Оризари ќе ги објави конечните услови, потребните документи и начинот на поднесување на барањата.