Општина Шуто Оризари се приклучува кон кампањата против родово базирано насилство
Општина Шуто Оризари се приклучува кон глобалната кампања на Обединетите нации „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
Во фокусот на општинската објава е економското насилство врз жените. Тоа може да се препознае кога некому му се одзема заработката, му се ограничува пристапот до сопствените пари или му се попречува вработувањето.
Ваквата контрола ја ограничува финансиската независност и можноста за самостојно одлучување.
Секоја жена има право да работи, самостојно да располага со својата заработка и да носи одлуки за својата иднина.
Ги повикуваме граѓаните на Шуто Оризари да ги препознаваат знаците на економско насилство, отворено да зборуваат за нив и да им дадат поддршка на жените кои се соочуваат со насилство.