Општина Шуто Оризари започна акција за отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила
Општина Шуто Оризари започна акција за отстранување на
хаварисани и нерегистрирани возила
Општина Шуто Оризари започна акција за отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила оставени на улици, тротоари и други јавни површини на територијата на општината.
Во рамките на акцијата, на евидентираните возила ќе се поставуваат писмени опомени. Сопственикот или корисникот треба да го отстрани возилото од јавната површина во рок од 7 дена од денот на поставувањето на опомената. Крајниот датум за отстранување ќе биде наведен на секоја опомена.
Доколку возилото не биде отстрането во наведениот рок, Општината ќе ангажира надлежна служба за негово отстранување. Трошоците за отстранувањето ќе ги сноси сопственикот на возилото.
Ги повикуваме сопствениците и корисниците да постапат во наведениот рок и да придонесат за слободно движење на пешаците, побезбеден сообраќај и уредени јавни површини.