КУЛТУРома оглас за координатор

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ
ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање проектен координатор за проектот
„Bridging Cultures Through Heritage – CULTURoma“
1. Предмет на јавниот повик
Општина Шуто Оризари објавува јавен повик за ангажирање едно лице – проектен координатор за спроведување на активностите на Општината во рамките на проектот „Bridging Cultures Through Heritage – CULTURoma“, финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија, ИПА III.
Проектот се спроведува во партнерство помеѓу Општина Бојник, како водечки партнер, Општина Шуто Оризари и ИРИЗ. Целта на проектот е унапредување на прекуграничната соработка преку зачувување и промоција на културното наследство, со посебен фокус на ромската култура.
2. Работни задачи и обврски
Проектниот координатор ќе ги извршува следните задачи:
• Координација на проектните активности што ги спроведува Општина Шуто Оризари;
• Следење на планот на активности, роковите и исполнувањето на проектните обврски;
• Редовна комуникација и соработка со водечкиот партнер, другите проектни партнери и општинскиот проектен тим;
• Подготовка на информации, прегледи и материјали за периодичните и завршните извештаи;
• Собирање, евидентирање и систематизирање на документацијата и доказите за спроведените активности и постигнатите резултати;
• Организациска поддршка при одржување состаноци, настани и други проектни активности;
• Координација со надлежните лица во Општината при подготовката и спроведувањето на планираните набавки;

• Следење на примената на правилата за информирање и видливост на проектот;
• Навремено известување за евентуални тешкотии и предлагање мерки за нивно надминување.
3. Услови за пријавување
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
• Завршено високо образование и/или најмалку 3 години искуство во спроведување проекти. Во недостаток на диплома дополнително искуство од 2 години ;
• Способност за организација, координација и навремено извршување на задачите;
• Способност за тимска работа и комуникација со институции и организации;
• Познавање на работа со компјутер, особено обработка на текст, табеларни прегледи и електронска комуникација.
Условот за образование и искуство се смета за исполнет доколку кандидатот има завршено високо образование, има искуство во спроведување проекти или ги поседува двете квалификации.
Искуството во спроведување проекти финансирани од Европската Унија ќе се смета за предност при изборот.
4. Начин на ангажирање и надоместок
Избраниот кандидат ќе биде ангажиран со договор, со 50% ангажман, за извршување на задачите на проектен координатор во рамките на проектот.
За наведениот обем на ангажираност е предвиден месечен бруто-надоместок од 500 евра во денарска противвредност.
Данокот на личен доход (персонален данок) ќе се пресметува и задржува од наведениот бруто-износ и ќе се уплаќа согласно важечките прописи. Износот што ќе му биде исплатен на ангажираното лице ќе биде намален за пресметаниот данок.
Периодот на ангажирање, конкретните обврски, начинот на известување и условите за исплата ќе бидат утврдени во договорот.

5. Потребна документација
Заинтересираните кандидати треба да достават:
1. Потпишана пријава со наведени податоци за контакт;
2. Кратка биографија со опис на образованието и досегашното работно и проектно искуство;
3. Копија од диплома за завршено високо образование, доколку кандидатот се пријавува врз основа на образование;
4. Докази за искуство во спроведување проекти, доколку кандидатот се пријавува врз основа на искуство или сака тоа да биде земено предвид при изборот.
Како докази за проектното искуство може да се достават потврди, препораки, договори или други документи од кои може да се утврдат проектот, улогата на кандидатот и периодот на неговото ангажирање.
За искуството со проекти финансирани од Европската Унија, од доставените докази треба да биде видлив изворот на финансирање.

6. Постапка за избор
Изборот ќе се изврши врз основа на доставената документација и разговор со кандидатите што ги исполнуваат условите.
При оценувањето ќе се земат предвид:
• Релевантноста на образованието и/или искуството во спроведување проекти;
• Досегашните задачи и одговорности на кандидатот во рамките на проектите;
• Организациските и комуникациските способности;
• Подготвеноста за извршување на предвидените обврски со 50% ангажман.
Искуството во спроведување проекти финансирани од Европската Унија ќе се вреднува како дополнителна предност.
7. Рок и начин на пријавување
Рокот за пријавување е 8 календарски дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на јавниот повик.
Краен рок за доставување на пријавите: 14.11.2026 година, до 14 часот.
Пријавите со потребната документација се доставуваат:
• Во архивата на Општина Шуто Оризари, на адреса: Хаџи Јован Шишко 36 во затворен плик со назнака: „Јавен повик за проектен координатор – CULTURoma“; или
• По електронски пат на: info@sutoorizari.gov.mk , со истата назнака во предметот на пораката.
Ненавремените пријави нема да бидат разгледувани.
8. Дополнителни информации
За дополнителни информации во врска со јавниот повик, заинтересираните кандидати можат да се обратат кај:
Лице за контакт: Ибрахим Ибрахими
Телефон: 070 285 344
Електронска пошта: i_ibrahimi@yahoo.com

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ
Градоначалник
КУРТО ДУДУШ